Зошто Mac?

Затоа што добиваш беспрекорен лаптоп за 56.990 МКД.

MacBook Air Hero Image Провери
Mac Family Image

Mac за секого.

Кога барате компјутер кој е моќен, стилски и пренослив, Mac е совршениот избор за Вас. Секој Mac е дизајниран да обезбеди највисоко можно ниво на искуство - моќни Интел процесори, графика со високи перформанси, вградена Wi-Fi и Bluetooth технологија и многу повеќе. Софтверот е исто така нешто посебно. Со специјално адаптираниот MacOS оперативен систем на Apple, знаете дека секогаш кога го отворате вашиот Mac, ќе имате огромен број на моќни апликации подготвени за работа или забава. Опциите стануваат уште поголеми кога ќе го истражите и запознаете App Store. Од студенти и деловни луѓе до лични корисници, Mac постои за секого.

MacBook

Целта со MacBook беше да се направи невозможното: да се создаде корисничко искуство во целина во најситниот и најлесен Mac лаптоп досега. Не само што е компактен - тој е помоќен од било кога. Новиот MacBook обезбедува до 20 отсто побрзи перформанси со новите процесори Intel i3, i5 и i7 и до 50 проценти побрза SSD меморија.

MacBook Air

MacBook Air има неверојатна 12-часовна батерија. Можете да работите на него започнувајќи со Вашето утринско кафе до доцна навечер додека се враќате накај дома, без кабли и приклучоци. А кога ќе дојде време за опуштање, ќе можете да гледате и филмови на iTunes до 12 часа. До 30 дена работи во "standby mode" така што кога ќе се вратите од заслужениот одмор ќе продолжете со работата од таму каде сте и застанале.

MacBook Pro

Тенок како жилет, лесен како пенкало и побрз и помоќен од било кога. Тој го има најсветлиот и најколоритниот дисплеј кај Mac лаптоп досега. Како и Touch Bar стаклената лента на допир, вградена во тастатурата, нуди брз пристап до потребните алатки кога ви се најпотребни. MacBook Pro е направен за одлични идеи. И сега, тој е подготвен за тебе.

iMac

Екран кој го привлекува и го држи твоето внимание токму на вистинското место. Ова е идејата што се крие позади iMac-от на денешницата. Сега, оваа идеја е уште посилна од било кога, и е доведена директно до најсветлиот и најширокиот екран на Retina што го iMac некогаш го има видено. Ова ви дава уште попријатно искуство - и ново живописно искуство кое еднш се доживува.

Mac Pro

Mac одсекогаш бил изграден од една визија: да се создаде уред кој е толку моќен и функционален колку што е убав и интуитивен. Mac Pro е неверојатна креација направен по овој идеал. Сите елементи кои го дефинираат еден про компјутер - графика, меморија, безбедност, процесорска моќ и меморија - беа одново замислени и дизајнирани. Што значи Вие ќе имате моќ и способност да го вдишете животот во Вашите најголеми идеи.

Mac mini

Mac mini е пријателски мал компјутер кој го нуди комплетно Mac искуство во 19,56 cm2 куќиште. Само приклучете го вашиот екран, Magic Keyboard и Magic Mause 2 и подготвени сте за големи нешта.

macOS & iCloud Image

macOS

macOS macOS е оперативен систем кој е задолжен за моќноста на секој Mac. Овозможува да ги направите работите на едноставен начин како со ниеден друг компјутер. Тоа е поради тоа што е специјално дизајниран за хардверот на кој работи и обратно.

iCloud

iCloud безбедно ги чува Вашите фотографии, видеа, документи, пораки, музика, апликации и мн. повеќе — и ги ажурира на сите Ваши друѓи уреди.. Што значи Вие секогаш имате пристап до она што го сакате, каде и да посакате.

Вградени апликации

Моќните алатки за креативност и продуктивност живеат во сите Mac уреди - апликации кои ви помагаат да ги истражувате, поврзувате и да работите поефикасно. Откријте уште илјадници друѓи апликации во оналјн продавницата на App Store.

Photos

Чувајте ја вашата растечка библиотека на фотографии организирана и достапна. Усовршете ги вашите фотографии и создавајте прекрасни подароци за споделување. И со iCloud Photo Library, можете да зачувате фотографии и видеа во облачето дури и во живо.

iMovie

Прераскажете приказни како никогаш порано. Едноставниот дизајн и интуитивните функции за уредување го олеснуваат креирањето на прекрасни 4K филмови и трејлери во холивудски стил. И со iMovie Theatre, можете да уживате гледајќи ги на сите Ваши уреди.

GarageBand

Најлесен начин да креирате одлични песни на вашиот Mac. Со интуитивениот интерфејс и пристапот до целата звучна библиотека, никогаш не било полесно да се учи, да се игра, да се снима и да се споделува музика како професионалец.

Pages

Овој моќен процесор за текст ви дава се што ви треба за да креирате документи кои изгледаат убаво. И да читате поубаво. Исто така Ви овозможува и беспрекорно да работите помеѓу Вашите Mac и iOS уреди. И да работи беспрекорно за луѓе кои користат Microsoft Word.

Numbers

Направете софистицирани табеларни пресметки со драматични интерактивни графикони, табели и слики кои фантастично ги прикажуваат Вашите податоци. Исто така Ви овозможува и беспрекорно да работите помеѓу Вашите Mac и iOS уреди. И да работи беспрекорно за луѓе кои користат Microsoft Excell.

Keynote

Презентирајте ги вашите идеи во живо со прекрасни презентации. Користете моќни алатки и блескави ефекти кои ќе ја задржат вашата публика. Исто така Ви овозможува и беспрекорно да работите помеѓу Вашите Mac и iOS уреди. И да работи беспрекорно за луѓе кои користат Microsoft PowerPoint.

Safari

Safari ги има сите видови на иновативни функции кои ви овозможуваат да уживате повеќе на интернет. Технологиите за заштеда на енергија ви овозможуваат да пребарувате подолго. Вградената приватност е посилна од било кога. Можете да пребарувате беспрекорно низ сите ваши уреди и лесно да ги споделите вашите омилени страници.

Pro Apps

Mac на креативните професионалци им дава цел спектар на најсовремени апликации за беспрекорна обработка и снимање на музика и видеа.

Додатоци за Mac

Постојат додатоци што ќе го направат твојот Mac уште подобар. Провери ја понудата