Зошто Touch Bar?
Во продолжеине спремивме одговори на ова прашање!

Провери Купи

Zašto Mac?

Допир на генијалноста.

Новиот MacBook Pro е тенок како жилет, а лесен како пердув, сега веќе побрз и помоќен за разлика од порано. Го поседува најсветлиот и многу колоритниот Mac дисплеј. Исто така го има и последниот quad-core процесор и високо перформансната Radeon Pro графичка конфигурација. Револуционарниот Touch Bar - Multi-Touch контролната стаклена лента вградена во самата тастатура е исто така достпана со цел да Ви овозможи брз пристап за да го направите тоа што Вие го сакате. Новиот MacBook Pro е направен според иновативни идеи и сега веќе е спремен да биде Ваш.

Револуционарен пат по кој ќе го користете Вашиот Mac.

Touch Bar-от ги заменува функционалните копчиња кои долго време зафаќаа простор на тастатурата за сега веќе тие да бидат многу повеќе разноврсни и поупотребливи. Се менуваат автоматски во зависност од тоа што го работите и ќе Ви ги покаже релевантните алатки кои веќе знаете како да ги користите - системските контроли како што се јачина на музика и светлина на дисплеј, интерактивен начин на прилагодување за пребарување на содржини, предвидливо внесување на текст и многу повеќе. А сега веќе и Touch ID е достапен на Mac кој Ви овозможува брз начин на логирање и брзо купување со Apple Pay.

Со Touch Bar до повеќе контрола.

Проширете ја контролната лента со цел Ви се прикажат повеќе функции.

Јавете се на iPhone или FaceTime повик преку стаклената лента со само еден допир.
Селектирајте ја палетата и одберете боја која сакате да ја користете во Pages, Keynote и многу повеќе.
Брз пристап до предлози и "emojis" во апликациите како iMessage и Mail.
Пристапете до функционалните копчиња со држење на Fn на тастатурата.

Paragraph Image

Брзина на уметноста.

MacBook Pro достигнува сосема ново ниво на перформанси и преносливост. Каде и да сте Вашите идеи бргу ќе ги реализирате со врвната графика и процесори со високи перформанси, паметно складирање и многу повеќе.

Paragraph Image

Најсветлиот и нај колоритниот Mac дисплеј од било кога.

Дисплејот на MacBook Pro е најдобриот дисплеј кај лаптопите на Mac. Има LED позадинско светло и поседува висок контраст на бои со што носи длабоки црни и светло бели бои. Исто така поддржува широка палета на бои за уште подобра и поживописна зелена и црвена во споредба со sRGB. Ова обезбедува вистински слики со реалистични живописни детали - потребни за графички дизајн и едитирање.

Paragraph Image

Звучници кои говорат сами за себе. Гласно

Уживајте во прекрасната избалансирана и верен звук кој што слушањето на музика го носи на нов левел со широк динамичен спектар и повеќе бас за максимален бум. Звучниците се поврзани директно со јачината на системот со што се овозможува поголемо врвно засилување. Поради тоа тие го прават MacBook Pro одличен избор едитирање на видео додека сте на некое отворено место или да уживате во филмови додека сте во движење.

Paragraph Image

Постои причина зошто ништо не е како Mac.

macOS е оперативен систем кој е задолжен за моќноста на секој Mac. Направен е со цел да ја превземе целосната контрола над хардверот и дизајниран за лесно користење и прекрасен дизајн за гледање. macOS вклучува прекрасна колекција на апликации кои ќе ги користете и сакате секојдневно. Исто така поседува и iCloud кој е иновативен начин за заедничка работа помеѓу Mac, iPhone и iPad.