Најдобриот начин да се стекнете или да го проширите Вашето знаење за Вашиот Apple уред!
Бесплатни iSTYLE работилници

Со пријава на нашите работилници ќе имате прилика да присуствувате на предавање од 30 минути, на одбраните теми. Работилницата е бесплатна и веќе сега можете да ја одберете одредената тема и термин.

iOS и macOS основи

Секој почеток е тежок, без разлика дали сe прв пат среќавате со Apple уреди или пак се префрлате од некоја друга платформа. Да почнеме со мали но сигурни чекори преку работилниците кои се наменети за новите или веќе постоечките Apple корисници. Да поченеме со нови уреди и да зачекориме во екосистемот на Apple заедно.

iOS и macOS совети

Зошто не го искористите комплетниот потенцијал на Вашиот уред? Скратете го времето кое е неопходно за одредени операции и побргу дојдете до конечните решенија. Препреките и триковите се тоа, а на нас е да Ви ги откриеме истите.

Apple сервиси

Дозволете да Ви го претставиме Apple iCloud. На него се сите Ваши фотографии, видеа, документи, апликации и многу повеќе - на сигурно. Пристапете им кога и да посакате и од каде сакате. Ние ќе Ви покажеме како.

Како до најубави фотографии?

Фотографијата е еден од најубавите начини да се зачуваат спомените.Некогаш тоа беа албумите, денес во Photos апликацијата на Вашиот Mac, iPhone или iPad уредите. Оваа работичница ќе Ви помогне да направите совршена фотографија.