Образовни попусти за образование

Посебни придобивки за студенти, професори и образовни институции при купување на Mac и iPad уреди.

MacBook Pro and iPad

Mac и iPad се основата на најнапредните оперативни системи во светот. Mac OS X и iOS се исклучително лесни за употреба, но сепак и повеќе од потребно моќни за извршување на сите обврски околку наставата.

  Направени да бидат подобри
Mac и iPad ќе Ви ги обезбедат најновите технолошки иновации, а притоа создадени се за долгорочно користење. Возбудата за овие производи започнува со самото отварање на кутијата.

  Microsoft Office
Дали поради Вашите студии или работа имате потреба од софтверскиот пакет на Microsoft Office? Не грижете се, Microsoft Office за Mac и iOS се достапни на овие уреди, со цел Вие да бидете сигурни дека Вашите документи ќе бидат секогаш доставени во утврдениот рок.

   App Store
Најдоброто место за да откриете или да превземете апликации на Вашиот Mac или iPad. Сите потребни апликации се само на еден клик до Вас.

  Безбедна Средина
Mac и iPad штитат од вируси. Вградена е и заштита за малициозни апликации со цел и заштита од вирусите на PC.

  Компатибилност
Со Mac и iPad многу лесно може да се најде Wi-Fi пристапна точка со цел да се поврзете со мрежата на Вашиот факултет. Исто така овие уреди се и компатибилни речиси со сите Bluetooth уреди, камери и принтери.

  Долготрајна батерија
Понекогаш околу тоа прашање речиси е невозможно да се најде решение, поради тоа Mac и iPad се направени со многу издржливи батерии со што Вие ќе бидете сигурни дека Вашиот уред ќе биде снабден со енергија во текот на целиот ден.

Предности за студенти и професори

5 % попуст

на Mac компјутери и Mac додатоци

3 % попуст
на iPad

Попустот може да го искористат студенти, наставници, професори или друг образовен кадар вработен во образовни институции.

Предности за образовни институции

5 % попуст

на Mac компјутери


3 % попуст
на iPad

Попустот можат да го искористат и образовни институции кои се вклучени во образовните активности. Тоа вклучува организации како што се:

  • градинки
  • основни училишта
  • средни школи
  • факултети
  • институти
  • книжари
  • музеи
  • итн.

Во случај да не сте сигурни дали вашата институција има статус на образовнa институција, ве молиме контактирајте не на edu@istyle.mk

Како да се искористи попуст како студент или професор?

ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦАТА

Посакуваниот производ стави го во кошничката.

Во полето Код за купон внеси го кодот STUDENT-Mac или STUDENT-iPad и кликни на АПЛИЦИРАЈ.

После извршеното купување испратете ни потврда за нарачката на e-mail со фотографија и скен од валиден документ, студентски картичка или потврда од вработување од една од наведените образовни институции.

Во iSTYLE продажниот салон

Посетете ја нашата продавница во Skopje City Mall и одберете го производот за кој сакате да добиете попуст.

Пред да го извршите плаќањето на нашиот персонал приложите фотографија и скен од валиден документ, студентски картичка или потврда од вработување од една од наведените образовни институции.

Како да се добие попуст како образовна институција

Испратете ни e-mail со барање за понуда на edu@istyle.mk и обезбедите информации за вашата организација (име, адреса, даночен број, лице за контакт и телефонски број). Ние ќе ја подготвиме понудата за производот кој спаѓа во рамките на образовната програма со соодветниот попуст.

Зошто iSTYLE?

Ние веруваме дека со производите на Apple и со Вашата помош можеме да го подигнеме нивото на образование, како и подобрувањето на условите за сите ученици и студенти. Преку совети и обуки ние сме подготвени да им помогнеме на новите корисници на Apple, со цел да ја усовршиме нивната работа на новите уреди.

Солидно искуство

iSTYLE Македонија е водечки Apple Premium препродавач во регионот. Нашиот тим има долгогодишно искуство во користењето на Apple производи, а нашите услуги ќе Ви обезбедат сеопфатно решение за Вас наставниците и учениците.

Поддршка и совети

Купувањето во iSTYLE е само почеток. И после заминувањето од нашата продавница Вие можете да се потпрете на нас, бидејќи ние нудиме бесплатни работилници и индивидуално образование, еден-на-еден. Од друга страна пак со деловните партнери и образовни институции се организираат семинари за користњето на Apple производи во паметните училници.

Прилагодени решенија

Со нашите експерти заеднички ќе најдете решение што ќе ви овозможи да ги постигнете целите на краток и на долг рок.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА