Услови за достава

Добредојдовте во iSTYLE Веб Шоп

Како и во секоја продавница, слободно разгедајте и запознјте ги нашите производи – без задолжително купување. Доколку се одлучите за купување на било кој производ, најважно е да знаете дека купувањето во нашата продавница го правите на сигурен начин, без никаков ризик за Вас и без можност за злоупотреба на вашите податоци.

УСЛОВИ ЗА ДОСТАВА

  • ОСНОВНИ ПОИМИ
  • ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ДЕЛОВНА СПОСОБНОСТ
  • НАРАЧУВАЊЕ И КУПУВАЊЕ
  • ЦЕНИ
  • РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИЦИ
  • ОДКАЖУВАЊЕ ОД КУПУВАЊЕ ИЛИ ПРОДАЖБА
  • НЕДОСТАТОЦИ НА ПРОИЗВОДОТ
  • УСЛОВИ И ГАРАНЦИЈА

 

ОСНОВНИ ПОИМИ

 

Во смисла на овие општи услови, купувачот е физичко или правно лице кое нарачува или плаќа за услугата за достава на производ нарачан преку интернет страницата на АЈ СТАИЛ ДОО, ул.Љубљанска бр.4, 1000 Скопје (или со други зборови iSTYLE).

 

Ако во податоците на купувачот се внесени податоци за правно лице, тогаш купувачот се смера за правно лице, а физичко лице за кои се внесени податоци за такво, тогаш тоа лице се смета за општ купувач. Купувач се смета лицето кое нарачува и го плаќа производот, а примател се смета лицето кое го добива производот а е различна особа од купувачот.

 

 

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ДЕЛОВНИ СПОСОБНОСТИ

 

Со прифаќање на општите услови, купувачот изјавува дека сите податоци кои ги има приложено за себе се точни и целосни, дека е работно способен, т.е. да не постојат никакви препреки помеѓу купувањето и порачувањето на производот од iSTYLE.

iSTYLE во согласност изјавата за приватност и сигурност на податоците ги превзема само основните податоци кои се потребни за исполнување на обврските. За порачката да биде валидна, лицето кое ја прави нарачката мора да биде постаро од 18 години.

 

НАРАЧУВАЊЕ И КУПУВАЊЕ

 

Производите се нарачуваат со избирање, при користење на мени и со потполнување на електронски формулар. Купувачот може на нарача или купи производ како регистриран или нерегистриран корисник.

 

Плаќањето на нарачаните производи може да се изврши  на следиве начини:

  • Преку е-банкинг
  • Со обична уплатница
  • Преку достава

 

Нарачката се смета за примена кога:

  • Во случај кога плаќањето и извршено преку е-банкинг, обична уплата – во моментот кога iSTYLE електронски ќе добие потврда за евидентирана уплата.

 

Во моментот кога нарачката ќе биде примена,  ISTYLE преку електронски пат во обилк на е-маил ќе го извести купувачот дека нарачката е примена односно дека производот е нарачан. Ако нарачаниот производ го нема на залиха, iSTYLE ќе го извести купувачот дека производот во моментот го нема на располагање и дека ќе го извести за рокот кога производот ќе биде во можност за располагање.

Ако производот е нарачан а како начин за плаќање е одбран е-банкинг или обична уплата, iSTYLE гарантира дека ќе изврши резервирање на производот на залиха во рок на траење од 3 работни дена. По истекот на 3 дена од примањето на нарачката, iSTYLE не гарантира за достапност на производот.

 

КУПУВАЊЕ

 

 Постапката е многу едноставна и се состои од само неколку чекори. Имате можност да направите избор на саканите производи, како и додавање на поврзани производи. По одбирањето можете да направите преглед на целата нарачка со цени и данок, со податоци за начинот на плаќање и достава. Последниот чекор претставува испраќање на крајната нарачка.

 

Во секој случај, пред конечно испраќање на нарачката, истата можете да ја промените, зголемите или намалите, да додадете било кој производ или да се откажете од целокупната нарачка. Кога ќе ја испратите вашата нарачка, на вашата е-маил адреса ке ви пристигне автоматска потврда со сите битни елементи за нарачката, за ваша евиденција.

 

ЦЕНИ

 

Цените се активни за важечката нарачка какви што се за време на доставата на истата.

Во цените во преглед на производите не е вклучен трошокот за достава, но е вклучено ДДВ.

 

РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИК

 

После избирањето на производите, пред испраќање на вашата прва нарачка морате да се регистрирате како корисник на нашата продавница. Корисниците кои се немаат регистрирано можат да ги прегледуваат продуктите, исто така можат и да прават нарачки доколку посакаат.

Внесувањето на податоци за корисниците на нашиот Web Shop е краток и едноставен. Внесувањето на вашите кориснички податоци го правите само еднаш, при првото купување или при креирањето на првата корисничка сметка, а за секоја понатамошна како корисник на оваа продавница ќе ви биде потребно само корисничкото име(вашиот претходно поставен е-маил) и лозинка (податок кој корисникот сам си го одредува во постапката за внесување на своите податоци). Сите свои податоци кои ѓи имате внесено во текот на креирањето а вашата корисничка сметка, можете понатаму да ги променувате. Доколку ја имате заборавено вашата лозинка или наидовте на проблем или недоразбирање, испратете ни е-маил на info@istyle.mk

 

ОТКАЖУВАЊЕ ОД КУПУВАЊЕ ИЛИ ПРОДАВАЊЕ

 

Со ваша одлука во секој момент пред испораката можете да се откажете од дел или од целата нарачка, доколку за тоа писмено не известите (преку е-маил на info@istyle.mk).

Ако во овој период се одлучите да ја откажете нарачката и ако не известите писмено, ви ја враќаме вашата уплата, намалена за трошоци за достава. Пред тоа на било кој начин, на ваш трошок, ќе морате да ни ги вратите испорачаните производи до нашето седиште. Производите мораат да бидат оригинално пакувани, во неоштетена амбалажа, несмеат да бидат користени и мора да бидат комплетни (како во моментот пред испораката) и препратени со оригиналните документи за купување.

Не враќајте користени производи!

Доколку сакате да ги вратите производите морате лично да ги донесете.

Ова право на враќање на купени производи не се однесува на потрошен материја како ни на производите кои по составот се подложени на трошење. Ова право не се однесува на програмски пакети кои претходно се отварани. Враќање на средства ќе го извршиме со дознака На Ваша сметка во рок од 15 дена од примањето на уредно вратените производи. За жал неможеме да прифатиме едностран прекин на договорот за купување доколку не сте се придржувале кон претходно наведените услови. Во тој случај вашите нарачани производи би ви биле повторно вратени на ваш трошок. Го задржуваме правото од откажување на продажбата односно поништување на делото од цел на нарачка, со писмено обавестување од купувачот, во следниве случаеви:

-       кога нарачаниот производ престанал да се произведува или да се продава;

-       кога би дојдело до значајни промени на условите за набавка;

Во случај на откажување од продажба настојуваме во договорот со купецот да пронајдеме оптимално режение за производи кои неможеме да ги набавиме, а во случај на невозможни испораки на дел или на цела нарачка, ќе се изврши враќање на уплатените средства, во склад со законот.

 

НЕДОСТАТОЦИ НА ПРОИЗВОДОТ

 

iSTYLE не одговара на купецот односно примачот за мали гребнатини на производите кои би настанале како последица на достава на робата по пат ако гребнатините или малите недостатоци не влијаат на основните својства и употребата на производите. iSTYLE не одговара на купувачот односно примачот ако техничките можности на опремата не се доволни за исправно користење на производот како и за лицните својства. Во случај на недостаток на производот купувачот може да го прекине договорот само ако претходно му има дадено на продавачот накнаден предусловен рок за исполнување на договорот.